Прескокни до содржината

Технологија што ѝ служи на заедницата.

„Паметна заедница“ е здружение од Берово, основано од ИТ-професионалци. Изработуваме веб-страници, веб-апликации и мобилни апликации од јавен интерес и организираме обуки за дигитални вештини. Работиме преку проекти што ги поддржуваат донатори и општини.

За нас

развој на локалните заедници преку дигитални технологии, така што технологиите ќе им служат на граѓаните, на граѓанските организации и на институциите што работат за заедницата.“

Основната цел на здружението, член 9 од статутот

Здружението е основано на во Берово.

Не нуди платени услуги: работи само на проекти и програми од јавен интерес.

Начела, член 13 од статутот

  • независност
  • јавност и транспарентност
  • непрофитност
  • непартиско дејствување
  • учество
  • партнерство
  • толеранција
  • одржливост
  • еднакви можности

Што работиме

Дигитални вештини

Обуки и работилници за млади, жени, постари лица и граѓани од руралните средини.

Отворени дигитални алатки

Веб-страници, веб-апликации и мобилни апликации од јавен интерес, изработени преку проекти.

Наследство и туризам

Дигитално документирање и промоција на културното и природното наследство и на туристичките потенцијали.

Поддршка за организации

Помош на граѓанските организации, локалните заедници и институциите во нивната дигитална трансформација.

Учество и отворени податоци

Дигитални алатки за учество на граѓаните во креирањето на локалните политики, за отворени податоци и за безбеден интернет.

Волонтерство

Програма за млади што сакаат да ги развиваат своите дигитални вештини и да придонесат за својата заедница.

Како работиме

  1. Потреба

    Слушаме што им треба на граѓаните, на организациите и на општината.

  2. Предлог

    Пишуваме предлог-проект за јавен повик, сами или во партнерство.

  3. Изработка

    Ја изработуваме алатката и ги обучуваме луѓето што ќе ја користат.

  4. Отчет

    Резултатите и финансиите ги објавуваме јавно.

Проекти

Првите предлог-проекти се во подготовка. Секој проект ќе има своја страница со целта, партнерите, донаторот, буџетот и резултатите.

Носител на проектот
Партнер
Севкупна цел
Очекувани резултати
Буџет
Траење

Полињата се како во обрасците на донаторите.

Претходна работа на основачите

Пред да го основаат здружението, нашите основачи ги изработија и овие веб-страници:

Отчет

Работата на здружението е јавна. Секоја година, најдоцна до 30 април, ги објавуваме годишниот извештај за работа и финансискиот извештај за претходната година (член 34 од статутот).

Документи

  • Статутдонесен на PDF
  • Програма за дејствување за 2026 и 2027 годинадонесена на PDF
  • Годишен извештај за работа за 2026 годинасе објавувадо
  • Финансиски извештај за 2026 годинасе објавувадо

Органи

Собрание
сите членови
Претседател и застапник
Иван Чамовски
Управен одбор
три члена: претседателот и двајца избрани членови

Вклучи се

Стани член

Член може да стане секој што сака да се зачлени и ги прифаќа целите на здружението. Пристапницата се пополнува, се потпишува и се предава лично или се праќа скенирана на info@pametnazaednica.mk.

Преземи пристапница Пристапница за правно лице

Соработка на проект

Можеме да бидеме партнер на граѓански организации, училишта и општини. Ако подготвувате проект со дигитален дел, пишете ни.

Предложи соработка

Волонтирај

Програмата за волонтерство е за млади што сакаат да учат и да помагаат во својата заедница.

Пријави се